Новости

Има скоро 102 години, но и натаму е активна: Еве која е нејзината тајна за долг живот

Advertisement

Една баба која ќе го прослави својот 102 роденден ги откри своите тајни за долг и среќен живот.

ФОТО: Принтскрин

Динки Флауерс, од Шорехам-бај-Си, Западен Сасекс, својата долговечност ја препишува на изложеноста на сонце и секојдневното танцување.

Поранешната професионална танчерка, која на 98-годишна возраст се појави во хит шоуто на Би-Би-Си „Најголемиот танчер“, сè уште предава на ученици во сопственото училиште за танц.

Advertisement

Г-ѓа Флауерс, која е родена во 1921 година – три години по завршувањето на Првата светска војна, ќе го прослави својот 102 роденден на 7 мај.

ФОТО: Принтскрин

Споделувајќи ги своите тајни, г-ѓа Флауерс рече: „Не можам да престанам да танцувам, гледате“.

„Препорачувам танцување и движење за да останете фит и здрави“.

Advertisement

„Танцот ме одржува во живот, а танцот и тоа што сум често на сонце ме прави среќна“.

Г-ѓа Флауерс првпат започнала да танцува во 1924 година, на само три годишна-возраст.

Таа настапила за принцот Филип на Ледената гала во 1952 година за што добила кралско писмо за благодарност.

ФОТО: Принтскрин

Г-ѓа Флауерс, исто така, патувала низ светот за да ги покаже своите вештини – вклучително и во Багдад, каде танцувала пред ирачкото кралско семејство.

Своите вештини ги научила на лондонската Академија за театарска уметност Италија Конти.

Откако се вљубила во лизгање на мраз, таа продолжила и со лизгање и танцување низ целиот свет.

Таа дури била уапсена во 1940-тите во Париз бидејќи носела црвен костим за танцување на настап, бидејќи тоа било поврзано со нелегална проституција во тоа време.

ФОТО: Принтскрин

„Секој ден одам и танцувам во студиото што го имам дома и се трудам да ги натерам и другите да го прават тоа“.

Таа верува дека „никогаш не е доцна“ за почеток.

Нејзината ќерка Сара дури тргнала по стапките на нејзината мајка и станала професионална танчерка.

Во брак била Џорџ Флауерс, кој раководел со познатиот Рејмонд Ревибар во Лондон.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button