Пари идат од сите страни: Гавазова како „кралица на бакшишот“ пред Македонците од дијаспората, цела сала ја крена на нозе
Пејачката направи одлична забава…
Сузана Гавазова имаше настап преку барата, па покажа дека нашата дијаспора не штеди кога станува збор за добар провод и песна. Имено, таа тоа го потврди и со снимките од настапите што ги објави на Инстаграм, а на кои се гледа дека рацете и’ се полни со пари што одвај ги држи во рацете. Таа пее на бината додека задоволните гости цело време и приоѓаат и и’ даваат бакшиш…
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова позната е и како кралица на добрата забава, без разлика дали станува збор за настап во кафеана, на свадбена церемонија или на некоја приватна веселба.
Гавазова тоа го покажа и викендов со својот настап пред нашинците во дијаспората кога исто така направи луда и незаборавна забава.
Облечена во црно од глава до пети пејачката се фати за микрофонот, па не изостана и бакшишот.
Гавазова на социјалните мрежи потоа објави и видео на кое се гледа како во рацете покрај микрофонот држи и труп пари.
Таа го запеа и својот голем хит, а гостите цело време ја китеа со пари што пејачката ги собираше со насмевка.
Инаку, Гавазова во последно време поприлично е активна на социјалните мрежи каде редовно контактира со своите фанови.
Таа неодамна сподели неколку снимки од ова нејзино патување во Австралија, а многумина воодушеви со тоа како изгледаше.
Облечена во црвена проѕирна блуска под која се гледа црниот градник, хеланки и бели патики таа се снимаше со насмевка на лицето, а покрај неа беше нејзиниот сопруг кој е нејзината најголема поддршка во животот.
Како Гавазова изгледаше и во ова свое опуштено издание погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова