Голема забава во домот на македонските фолкери: Се пееше и славеше – еве кој беше најсреќен
Во домот на популарниот македонски пар имаше многу убава причина за славење.
Синот на Тања и Новица славеше роденден, а популарниот македонски фолкер му приреди ноќ за паметење.
Новица Василевски и неговата сопруга, пејачката на фолк-музика, Татјана Лазаревска, веќе подого време живеат и работат во Мелбурн, Австралија.
Иако во Македонија имаа одлична кариера, за доброто на своите деца и нив самите, тие заминаа во Австралија.
И двајцата не се откажаа од музиката и таму секој викенд имаат настапи.
Важат за големи професионалци, а публиката е на нозе секогаш кога тие ќе запеат.
Со многу работа и труд, Тања и Новица успеаја да си купат и куќа во Австралија.
Активни се на социјалните мрежи, каде за време на пандемијата често имаа вклучувања во живо и пееја за својата публика.
Уживаат во тоа што го работат и го прават со леснотија.
Често знаат да запеат и за своја душа.
Во нивната куќа сега имаше убава причина за славење.
Синот на Тања и Новица славеше роденден, а популарниот македонски фолкер му приреди ноќ за паметење.
Кралот на кафеаните, Цаки Кисми, кој е на турнеја во Австралија пееше за роденденот на Петар и направи одлична атмосфера.
Тања сподели и видеа од забавата на социјалните мрежи, а и јавно му го честиташе роденденот на нејзиниот син.
„Среќен роденден Петар, привилегија е да се има син како тебе. Те сакаат мама, тато и Стефан“, напиша таа.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска