Популарната македонска водителка повторно облече венчаница и ги изненади сите.
Лила покажа како ѝ стои венчаница, па ги збуни фановите.
Лила Филиповска е една од најпопуларните македонски личности, а публиката сака да знае сѐ за нејзиниот приватен живот.
Што и да направи таа не може да помине незабележано.
Лила е доста активна на социјалните мрежи, а истите ги користи и за дополнителна заработка.
Освен што долги години е една од најдобрите водителки во земјава, Лила дполнително работи и како ифлуенсерка и доста добро ѝ оди.
На социјалните мрежи понекогаш знае да изненади со фотографии поврзани со нејзиниот приватен живот.
Она што за неа се знае е дека зад себе има два брака.
Од првиот брак го има синот Филип кој е нејзина најголема поддршка и љубов.
Краток период Лила беше во брак со некогашниот пејач, фронтмен на групаа Арија, Орце Димитриевски.
Но, нивната љубов не траеше долго и одлучија на време да се разделат.
Секој од нив тргна на ралични страни и се здоби со огромен успех во професијата.
По разводот со Орце, Лила повеќе никогаш не проговори за својот емотивен статус и истиот го крие како змија нозете.
Многупати на шега истакнала дека со сигурност ќе има трета среќа, а сега одлучи и повторно да облече венчаница.
Како што самата напиша во опис на фотографијата, венчаниата ја облече „само за слика“, но мора да се признае дека фантастично ѝ прилега.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска