Карлеуша во минијатурен костим за капење, глетката ги остави сите запрепастени – тело на кое сите жени му завидуваат!
Јелена Карлеуша секојдневно привлекува внимание со своите модни изданија, но и со својот „бомбастичен“ изглед.
Таа е свесна за тоа и знае како да ја изненади јавноста со објавите што ги споделува на социјалните мрежи.
Ј.К. важи за една од најатрактивните пејачки во регионот и едноставно ужива во интригите што ги прави со своите провокативни објави. Така беше и овој пат кога на Инстаграм предизвика лавина од реакции со само една фотографија на која во преден план се нејзините раскошни облини.
Имено, Карлеуша се фотографираше на предното седиште од својот луксузен автомобил, облечена само во тиркизно бикини.
Во центарот на вниманието е и големата огрлица од Шанел, а за ова свое издание доби илјадници коментари и лајкови.
Пејачката секојдневно ги воодушевува своите фанови на овој начин, покажувајќи дека и нема рамна „риба“ на естрадата.
Карлеуша сличен ефект предизвикува и кога е на сцената, а тоа го демонстрираше и неодамна со екстравагантниот костим.
Имено, таа на еден свој настап се појави во проѕирно издание во кое само критичните места беа покриени со златни ѕвезди.
Пејачката и тогаш никого не остави рамнодушен, а многумина коментираа дека никогаш не изгледала подобро.
Погледнете го и ова нејзино „бомбастично“ издание…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша