Македонската водителка направи промена на имиџот и доби многу пофалби за новиот изглед.
Лила направи мала промена на косата, која ѝ даде поинаков изглед и предизвика реакции кај публиката.
Популарната водителка Лила Филиповска долги години е една од најдобрите водителки во земјава.
Долго време од јавноста криеше зошто постојано носи перики, но одлучи да си ја отвори душата и да проговори за болеста.
Зад неа остави тежок период и уште еднаш покажа дека е силна и храбра жена, која и покрај многуте падови во животот успева да се издигне како Феникс од пепелта.
Во ниту еден момент Лила не сакаше вниманието да биде насочено кон нејзината болест и никогаш јавно не зборуваше дека боледува од канцер.
Таа е пример и мотив за сите кои поминуваат низ истото. Со нејзината приказна таа влева надеж и кај другите, да не се откажуваат и да се борат до крај.
И покрај тоа што водела тешка битка, Лила во ниту еден момент не покажа слабост.
Напротив, таа го живееше секој ден буквално како она што сака.
Нејзината состојба не ја спречи да ужива секој ден.
Лила извојува победа со болеста, а покажа и како изгледа без перика.
Таа ја покажа својата кратка руса коса, за која доби комплименти дека одлично ѝ прилега.
Овој пат таа се одлучи за мала промена, па ги изненади сите.
Лила направи мала промена на косата, која ѝ даде поинаков изглед и предизвика реакции кај публиката.
Откако покажа како изгледа без перика, таа фризурата ја носеше исчешлана наназад, а овој одлучи поинаку да ја исфенира и да направи шишки.
Како ви се допаѓа повеќе?
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска