Шерифовиќ во костим за капење ужива за „сите пари“ во Дубаи – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ со која пејачка замина на ова луксузно патување
Марија Шерифовиќ оваа пролет ја дочека во Дубаи каде преку цела година е топло и совршено за бањање.
Од објавите што ги споделува на нејзиниот профил на Инстаграм можеме да видиме дека Шерифовиќ ужива за сите пари, но и со кого тргнала на ова патување.
Имено, популарната пејачка не е сама во Емиратите. Со неа се нејзината мајка Верица, пријателите, а таму е и нејзината колешка Јована Пајиќ, поранешната сопруга на Сале Цветковиќ од „Тропико бенд“.
Марија објави фотографија со која покажа како изгледаат додека се возат во гумен чамец, со елеци за спасување на нив.
Ова е една од ретките фотографии на кои пејачката е во костим за капење и фановите беа изненадени од ова нејзино издание.
Инаку, Марија во последно време е поприлично активна и на својот Јутјуб канал. Таа не престанува да ја забавува публиката и со случувањата од нејзиниот приватен живот, а објави и видеа од патувањето.
На едно од нив таа откри дека на својата мајка и поставила услов пред да ја однесе да ја видат Чудесната градина во Дубаи.
„Верица, ќе те однесам на едно место, но мора да ми ветиш дека таму нема да останеме подолго од два часа“, изјави Марија во својот влог, по што нејзината мајка беше малку изненадена, но сепак се согласи со условот.
Потоа кога стигнаа на местото, Верица беше воодушевена и не можеше да верува дека постои таква убавина.
Марија тогаш во шега и кажа дека за билетите за оваа атракција платила по 100 евра, по што Верица беше шокирана, но сепак призна дека би издвоила пари за да ја види убавината на овие волшебни градини.
Бонус галерија
Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden
Фото: Dubai Miracle Garden