Реклама
Новости

Нема да ви се верува како изгледа Јелена Карлеуша без шминка, филтри и ФОТОШОП – НЕ сте ја виделе во вакво издание (фото)

Реклама

Балканската дива Јелена Карлеуша е позната и како некој што веќе со години ги диктира модните трендови.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Популарната српска пејачка сака да експериментира со модата и тоа секогаш го прави храбро и без грешки, а многу познати дами се обидуваат да ја копираат.

Впрочем така беше и овој пат кога во дворот на својата луксузна вила позираше во комбинезон зачинет со кристали.

Маркетинг

Пејачката на главата носеше натпис „кралица“, а она што посебно ги изненади сите е тоа што позираше без шминка.

Но и покрај тоа што на нејзиното лице немаше ни грам шминка, многумина и порачаа дека изгледа прекрасно, па дури и поубаво од кога било досега.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа важи за една од најубавите жени во регионот и за свои години изгледа супер, и покрај тоа што многумина ја обвинуваат дека користи фотошоп и дека премногу ги обработува своите фотографии на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но таа е ѕвезда и секако дека нејзините фотографии се преработени, па затоа и во реалниот живот изгледа како на насловна страница на моден магазин.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Како што веќе спомнавме, таа е ѕвезда и повеќе од разбирливо е тоа што во јавноста секогаш се појавува тип-топ средена, па затоа и секое нејзино „природно“ издание привлекува толку многу внимание.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Така беше и овој пат, облечена во тесниот комбинезон од Долче и Габана и апсолутно без трошка шминка на лицето,

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Многумина се согласни дека таа со своите 44 години „грми“ и изгледа минимум десет години помладо, што од друга страна може да изгледа фрустрирачки, посебни за оние на кои „мрчењето“ им е хоби.

Но, да се разбереме, и Карлеуша е жена од крв и месо, на која за разлика од многу други, во описот на работното место и стои дека секогаш треба да изгледа фантастично, колку што може подобро. И таа тоа успешно го прави, благодарение на тоа што редовно се негува, води сметка што јаде, знае како да ги избере вистинските парчиња и што е најважно, како да ги сокрие своите недостатоци. А во приватниот живот, и таа е една обична жена како и сите останати, жена која има целулит, по некоја брчка, некој килограм вишок…

И сето тоа е нормално, па никој не треба да се оптоварува и од тоа да прави некаква драма, нели?

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button