Најважната личност во животот на познатиот македонски пејач – фотографијата ги разнежни неговите бројни фанови
Ѓоко Јовиќ е еден од нашите најпознати пејачи…
Тој важи за еден од нашите најпознати пејачи, а покрај љубовта кон музиката не ја крие и својата огромна љубов кон семејството. Како татко на четири деца ужива во секој момент што ќе го помине со нив, а тоа може да се види и од неговите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Познатиот пејач Ѓоко Јовиќ покрај љубовта кон музиката, не ја крие и својата огромна љубов кон семејството.
Тој е татко на четири деца и тие заедно со неговата убава сопруга Ивана му се најголема поддршка во животот.
Тоа впрочем може да се види и од неговите објави на социјалните мрежи каде редовно споделува заеднички моменти.
Но овој пат на Инстаграм објави фотографија на која во рацете го држи најмладиот член во семејството.
Горд на своите наследници, не може да ја сокрие радоста што го исполнува кога по напорните настапи ќе се врати дома.
Неодамна интересна фотографија објави и неговата сопруга, на која и двајцата зрачат со романтика и љубов.
Инаку, Ѓоко важи за скромен човек кој не крие дека потекнува од земјоделско семејство, а е и голем хуманитарец.
Тој како и сите останати членови од неговиот Енерџи бенд се познати како хумани луѓе.
Тие неретко знаат да го прекинат својот настап, и да го извадат нивниот „хуман ковчег“ во кој собираат донации за луѓе на кои им е потребна помош. Како што самиот изјави во една пригода, тој никогаш не помислувал дека она што го прави со колегите од бендот, ќе предизвика толкав интерес во јавноста.
„Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пеам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави Јовиќ за Фокус во една пригода.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ