Неодамна откри сé за својата болест, а сега со ова фатално издание ВООДУШЕВИ – Лила никогаш не изгледала поубаво!
Покрај тоа што е една од нашите најдобри ТВ водителки, Лила Филиповска важи и за една од најдобро облечените жени меѓу нашите познати дами.
Бројните смели модни изданија на Лила Филиповска секојдневно предизвикуваат лавина од коментари, а она што исто така никој не може да и’ го оспори на шармантната македонска водителка е и фактот дека одредени парчиња никој не може да ги носи подобро од неа.
Нашата позната водителка Лила Филиповска важи за жена која може секој стил да го претстави на вистинскиот начин.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзините последни изданија што ги објави на Инстаграм, а со кои не остави без здив.
Посебно со црвеното издание од глава до пети во кое секоја жена би била во центарот на вниманието.
Стилизирана совршено, со својата нова кратка руса коса (wet look) за која сите тврдат дека совршено и стои, и облечена во црвено од глава до пети, Лила едноставно блескаше додека седеше на столчето со прекрстени нозе. Бојата на страста сама по себе привлекува внимание, така што водителката не можеше да помине незабележано во ова ултра страсно издание.
Па доколку би сакале најдобро да го опишеме зборот самодоверба, тогаш тоа би било Лила во ова фасцинантно модно издание.
Таа изгледаше како модна икона, а својот драматичен изглед дополнително го нагласи со карминот и лакот за нокти.
Па, доколку барате моќна и страсна комбинација, ова издание на Лила би можело да ви биде инспирација.
Погледнете уште неколку интересни стилски решенија на убавата водителка…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска