Ријана го покажа големиот труднички стомак на Оскарите – изгледаше ФЕНОМЕНАЛНО, посебно во кожниот црн фустан
Ријана никого не остави рамнодушен…
Таа потоа се појави и на црвениот килим (кој оваа година всушност беше во беж боја), и повторно го украде шоуто….
Пејачката од Барбадос на својот настап на 95-тото доделување на Оскарите трудничкиот стомак го покри со „перде од кристали“ кои беа закачени за горниот дел од маичката, и со затворени очи ја запеа „Lift me up“, песната што беше во трка за најдобра оригинална песна на Оскарите.
Ова е првиот сингл што пејачката го објави по цели шест години пауза, но за жал изгуби од RRR („Naatu Naatu”).
Партнерот на Ријана, АСАП Роки не позираше со неа на „црвениот“ килим за тамошните фотографии, но беше виден во публиката како нејзина најголема поддршка во текот на гламурозната вечер.
Пејачката потоа се појави и на црвениот килим (кој оваа година всушност беше во беж боја), и повторно го украде шоуто.
Овој пат таа носеше црн фустан со кожни детали, а во центарот на вниманието беше нејзиниот голем труднички стомак.
Фото: Инстаграм/ aplasticplant
Фото: Инстаграм/ стајлесикслок
Џордан Штраус, Инвизион АП
Фото: Инстаграм/ Ријана
Фото: Инстаграм/ Ријана
Фото: Инстаграм/ Ријана
Фото: Инстаграм/ Ријана
Фото: Инстаграм/ Ријана
Get yourself a man that always cheers you on like this ❤️ #Oscar #rihanna #asaprocky pic.twitter.com/7GJc2HNBcJ
— torres monika (@torres_monika) March 13, 2023