Пејачката родена во Македонија покажа како ужива со милионерот – фотографиите од Тајланд се вистински мелем за очи
Познатата пејачка Надица Адемов замина на Тајланд од каде редовно објавува фотографии.
На една од нив пејачката позира на плажа и со своите провокативни пози предизвика лавина од реакции.
Пејачката позираше во црне едноделен костим за капење со кој совршено го истакна нејзиното тело.
Нејзините обожаватели беа воодушевени што ја гледаат во вакво издание, па следува бројни лајкови и позитивни коментари.
Инаку, пејачката е родена во Скопје, но со семејството уште како малечка ќе замине да живее во Суботица, додека нејзиниот постар брат Ранче, кој исто така е пејач, остана со своето семејство да живее во Скопје.
Надица веќе три години е во врска со милионер за кој како што пренесуваат српските медиуми, е млад и има свој бизнис во Германија.
Како што неодамна објави српскиот Скандал, тие се познаваат од Германија, а за време на короната, кога тој дошол во Србија, почнале поинтензивно да се дружат.
По некое време Надица му предложила соработка, која што тој радо ја прифатил, а набргу ја започнале и врската.
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов