Нашите политичарки ретко ги гледаме во вакво издание, но не и првата дама – Елизабета со само еден детаљ ги воодушеви сите
Македонската прва дама во уште едно модно издание кое не помина незабележано на социјалните мрежи.
Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, важи за дама која знае да ги избере вистинските модни парчиња за себе. Таа секогаш изгледа елегантно и дамски, а нејзините тренди модни комбинации можат да им претставуваат инспирација на многу дами.
Така беше и овој пат кога Бети се прошета во уште едно софистицирано издание и ги воодушеви љубителките на модата.
Природниот изглед со многу малку шминка се нејзин заштитен знак, а овој пат во комбинација со кожната јакна дефинитивно беа полн погодок.
Таа за оваа пригода избра црно здолниште и тренди бела кошула, а целото издание го зачини со црни високи потпетици.
Нејзиниот стајлинг можеби беше по малку неочекуван ако имаме на ум на каква функција се наоѓа, но ако земеме во предвид дека нашата прва дама истиот го носеше на не толку формален настан, односно на 8-мартовскиот базар на креативни занаети организиран од Занаетчиската комора на Скопје, можеме слободно да кажеме дека блескаше во ова издание и ги воодушеви сите.
Што се однесува до кожната јакна во црна боја таа е моден класик кој им е омилен на многу познати дами.
Таа е одлично решение за пролетните денови, а како изгледаат новите модели од познатите брендови, погледнете во продолжение:
Зара
Зара
Зара
Зара
Зара
Зара
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Ејџ енд Ем
Ејџ енд Ем
Ејџ енд Ем