Се сеќавате ли на убавата Пелин што ја гледавме во улогата на Михримах, ќерката на султанот во Сулејман Величествениот?
Пелин Карахан се прослави со серијата „Сулејман Величествениот“ каде што ја играше ќерката на султанот.
Нејзината улога во оваа позната турска серија и денес предизвикува внимание, а многумина се прашуваат како таа изгледа денес.
Таа и денес се појавува на малите екрани, но почесто во емисиите каде што ги претставува своите кулинарски способности.
Таа е во брак со бизнисменот Бедријем Гунтај за кого се омажи во 2014 година и ова е нејзин втор брак.
Од овој брак таа ги доби синовите Али Демир и Џан Ејуп и тие се главната причина што поретко се појавува во нови серии.
Нејзиниот официјален профил на Инстаграм изобилува со преубави семејни фотографии од кои можеме да видиме како ужива во мајчинството.
Во слободното време се занимава со бокс и токму спортот е најзаслужен што шармантната актерка и денес, по две бремености, изгледа беспрекорно.
А како таа изгледаше во „Сулејман Величествениот“, но и денес како мајка на две деца, погледнете во продолжение.
Забранетата љубов на султанката
Инаку, малкумина знаат дека ликот на Михримах што Пелин го толкуваше во познатата серија е заснован на вистинска историска личност.
Имено, „Сулејман Величествениот“ важи за една од најпознатите и најуспешните турски серии во историјата, а во сите земји од поранешна Југославија доживеа вистински „бум“. Таа важи и за една од најгледаните серии и во нашата земја, а покрај главниот јунак Сулејман и неговите султанки Хурем, и Махидевран, и ликот на Михримах беше заснован на историска личност.
Султанката Михримах му беше ќерка на Сулејман Величествениот и неговата сопруга султанката Хурем, родена во Цариград 1522 година.
Нејзиното име кое што го доби од мајката на султанот Сулејман, Ајша Хафса, значи сонце и месечина, или месечева светлина на персиски јазик, а на Запад таа беше позната и како Камерија.
Хурем и Сулејман најпрво имаа два сина, па затоа беа пресреќни и кога ја добија својата ќерка Михримах која кога порасна стана една од најубавите жени во дворецот. Но како што пренесуваат преданијата и историските извори, младата султанка често била осамена, постоја во сенката на своите двајца постари браќа и нивната борба за престолот, и патувала често со татко и низ целото царство.
Таа во младоста ќе го запознае Мимар Синан, некогашен ерменски православец кој се истакна како голем и брз градител.
Сакајќи да ја импресионира ќерката на султанот, наводно го изградил мостот на реката Прут за само 13 дена.
Потоа младата султанка побарала од него во нејзино име да ја изгради џамијата во Ускудар, и тој маѓепсан од нејзината убавина, започнал да ја гради една од најимпозантните градби во тоа време.
Според турските преданија, и Михримах била вљубена во архитектот, и покрај големата разлика во нивните години.
Нивната љубов била толку голема што Мимар решил да ја побара нејзината рака од султанот, но добил негативен одговор по што тој своите емоции ќе ги искаже во изградбата на џамијата во нејзина чест.
За ова предание нема потврда во историските извори, а она што е познато е дека Михримах кога имала 17 години се омажила за двојно постариот Рустем – паша.
Тоа било уште еден политички брак, а по пет години Рустем–паша стана голем везир, додека Михримах стана првата крвна султанка која што ја доби титулата султанка и управителка со харем, а се повлече од Топкапи палатата по смртта на нејзиниот брат и султан Селим II во 1574 година.
Животот на Михримах згаснува на 25 јануари во 1578 година и таа е единствената од сите деца на Сулејман која е закопана во неговата гробница, во комплексот на Сулејмановата џамија во Истанбул, направена од архитектот Мимар Синан, чиј гроб се наоѓа северно од џамијата.
Фото: Инстаграм/ Пелин Карахан
Фото: Инстаграм/ Пелин Карахан
Фото: Инстаграм/ Пелин Карахан
Фото: Инстаграм/ Пелин Карахан
Фото: Инстаграм/ Пелин Карахан