Покажа како се носи длабоко деколте во седмата деценија од животот – неверојатно издание, Џејми никогаш не изгледала поубаво!
Џејми Ли Кертис (64) на доделувањето на наградите „SAG“ се појави во фустан од дизајнерката Ромона Кевезе
За ова нејзино издание се уште се зборува и споделува, а легендарната холивудска актерка токму во ова феноменално модно издание ја освои наградата за најдобра споредна улога во филмот „Сé во исто време“.
Таа блескаше на црвениот килим во свилената тоалета со едноставен и прочистен сирена-крој, со длабоко деколте и мали копчиња по целата должина на задната страна кои го криеја патентот.
Познатата актерка својот префинет стајлинг го зачини со елегантни обетки и нараквица што ја носеше преку ракавот.
Џејми со ова свое свечено издание покажа дека жените и во седмата деценија од животот изгледаат феноменално.
Таа едноставно блескаше и го украде шоуто на црвениот килим, а од ова нејзино издание можат да учат и многу помлади колешки.
Но покрај освоените награди Џејми го освои вниманието и со потегот што го направи пред камерите.
Имено, таа беше пресреќна што награда доби и нејзината колешка од споменатиот филм Мишел Јео, па одлучи да ја награди со сочен бакнеж кој не помина незабележано на социјалните мрежи.
Снимката од бакнежот веднаш предизвика бура од реакции, а како тоа изгледаше погледнете на крајот од текстот.
АФП
АФП
SHE’S ALL OF US #SAGAwards pic.twitter.com/7shATKfGMB
— lotte (@blanchettsheart) February 27, 2023