Анета Молика во целосно природно издание: Пејачката без грам шминка по дома запеа за фановите
Македонската фолк-дива објави видео во целосно прироно издание во домашна атмосфера.
Анета самоуверено и гордо покажа како изгледа без грам шминка и запеа за своите фанови.
Анета Миевска во јавноста е позната како Анета Молика, поради нејзиниот бенд „Молика“ во кој е заедно со нејзиниот сопруг Џими Мицевски.
Долги години се дел од македонската музичка сцена и се едни од најдобрите.
Многумина за неа велат дека има ангелски глас и вистинско уживање е да се слуша Анета додека пее во живо.
Скоро и да нема песна која не ѝ лежи, а со својот неверојатен глас ја воодушевува и публиката надвор од нашите граници.
Скоро 2 децении е во брак со нејзиниот колега Џими, а плод на нивната љубов е нивната ќерка Моника.
Моника за жал, не тргна по стапките на мама и тато, но порасна во вистинска убавица.
Она што мора да се признае е дека времето како да запрело за Анета.
Таа изгледа исто како на почетокот на својата кариера.
Навикнати сме постојано да ја гледаме средена од глава до пети, а природата на нејзината професија е таква што на себе мора да има тешка шминка и да биде гламурозно облечена.
Анета овој пат ги изненади своите фанови објавувајќи видео на Фејсбук во целосно природно издание.
Анета самоуверено и гордо покажа како изгледа без грам шминка и запеа за своите фанови.
На видеото соопшти и дека по повод Денот на жената, 8-ми март, Молика ќе настапуваат во Виена во „Маркова колиба“.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика
ФОТО: Фејсбук / Анета Мицевска Молика