Една од нашите најпознати поп-пејачки и по две бремености изгледа НЕВЕРОЈАТНО – Наташа блеска како никогаш досега!
Пејачката ги воодушеви сите со своето последно издание…
Наташа позираше во бело сако – фустан во кој изгледше току неодоливо и занесно што ги освои симпатиите на сите.
Познатата пејачка Наташа Малинкова работи под полна пареа, а привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Пејачката која зад себе има голем број хитови овој пат објави неколкју фотографии на кои позира во прекрасно издание.
Имено, таа позираше во бел сако – фустан во кој изгледше току неодоливо и занесно што ги освои симпатиите на сите.
Во прашање е модел на кој едноставно не му минува времето и каков често можеме да видиме на јавната сцена.
Овој фустан изгледа најмоќно кога е во класични бои, бела или црна, а пејачката го носеше со широк црн ремен со кој дополнително ја истакна својата тенка половина.
Белиот модел што Малинкова го избра за оваа пригода е со поприлично кусо здолниште така што во центарот на вниманието беа и нејзините долги нозе.
Сепак, главната улога во ова издание на Наташа ја имаше длабокото деколте со кое пејачката никого не остави рамнодушен.
Краткиот фустан што изгледа како сако на суптилен начин го откри нејзиното раскошно деколте доволно да се види градникот што пејачката го носеше под него.
Пејачката за ова свое издание доби голем број комплименти од фановите кои бе воодушевени од тоа како изгледа и зрачи со убавина.
Потсетуваме, Наташа има две ќерки Султана и Емилија, од кои постарата наскоро треба да наполни 20 години.
Но и покрај своите две бремености, таа се уште изгледа беспрекорно и има тело на кое многу помлади колешки можат само да и завидуваат.
Погледнете ги и останатите нејзини изданија:
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова