Реклама
Наши ѕвезди

Замина НЕОЧЕКУВАНО и БЕЗ ПОЗДРАВ: Да беше жив еве колку години ќе наполнеше Ѓорѓи Колозов

Реклама

Да беше жив, македонскиот цар, како што го нарекува публиката, на 26 февруари ќе славеше роденден.

Не постоеше улога која не му лежи, а публиката го обожаваше.

Велат луѓето не умираат со cмp-ттa, туку тогаш кога ќе бидат заборавени. Споменот на Ѓорѓи Колозов ќе трае вечно .

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов

Неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат преку многубојните улоги кои ги изигра во неговиот краток животен век.

Од овој свет си замина на 13 октомври во 2003 година, на 55-годишна возраст, а за себе ги отави неговата сопруга Шенка Колозова и нивните две ќерки, Катерина и Кристина.

ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов

Народот ќе го памети по улогите во Македонските народни приказни, актер на кој му лежеа сите улоги, од селанец до цар, од сиромав до чорбаџија и од ѓавол до Господ.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов

По повод роденденот на царот, Горан Марковски, кој е адиминистратор на Фејсбук страницата на Колозов, напиша:

„Денес ќе правеше 75 години.

Роден е на 26 Февруари 1948 година во Богданци. Син е на Ристо и Катерина Колозови. Важи за еден од најпопуларните глумци што некогаш се појавиле во Македонија!

Љубовта кон народната реч, кон она што се нарекува македонски фолклор и традиција најпрво ја наследува од својот татко Ристо, кој исто така се интересирал и собирал народни приказни и умотворби“.

ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов

„Неговата кариера главно ја одбележува најгледаната серија на сите времиња што некогаш се снимила во Македонија, Македонските народни приказни. Главен “виновник” за популарноста на оваа серија е токму тој, со неговиот претпол лик, уникатниот изглед и угушливата и природна насмевка! Станува миленик на народот.

Ретко докажан глумец, на кој му лежеа баш сите улоги, толкувајќи од селанец до цар, од сиромав до чорбаџија и од ѓавол до Господ…

Народот најповеќе го памети како ЦАР со богати трпези, а тој како слатко “черечи печено коковче.”

ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов

„Приказните покрај тоа што имаа за цел да бидат поучни и занимливи, Ѓорѓи строго внимаваше на народниот збор, дијалект кој произлегуваше од писанијата на Марко Цепенков кои пак го опфаќаа Прилепско-Битолскиот регион. Тргнувајќи од таму магијата на Колозовите приказни беше топла и прифатлива за сите возрасти!

Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч…Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект.

Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав.

Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек!

Бог да го прости и да му дарува царство небесно“!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button