Време е за бебе број 2: Нашата популарна водителка е бремена – го покажа трудничкото стомаче
Популарната македонска водителка го покажа трудничкото стомаче и откри дека го очекува своето второ дете.
Цеце е веќе во поодминатата бременост и иако секојдневно ја гледаме на малите екрани, никој не претпостави дека е бремена.
Водителката Цеце Тодосовска која е дел од популарната утринска емисија „Утринска на Телма“ приватно е грижлива мајка и сопруга.
Неколку години е во брак со нејзиниот сопруг Стојанче, а плод на нивната љубов е синот Бодан.
Цеце е доста активна на Инстаграм каде често споделува фотографии од нејзиното семејство и нивните секојневни авантури.
Тие се навистина активни и често планинарат сите заедно, а тоа што Цеце и Стојанче имаат мало дете воопшто не ги спречува во тоа и го носат секаде со себе.
Цеце ужива максимално во мајчинството и јавно беше поборник доењето во јавност да стане нормално и да не биде веќе табу.
Неодамна Бодан наполни 2 години, а неговите родители му организираа роденденска забава во парк.
Водителката со своите фанови сподели нова убава вест со која ги воодушеви сите.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографии од своето работно место, заедно со колегата Ненад, на кои во прв план е нејзиното трудничко стомаче.
Цеце е веќе во поодминатата бременост и иако секојневно ја гледаме на малите екрани, никој не претпостави дека е бремена.
„Време е за бебе бр. 2“, напиша Цеце во опис на фотографијата и откри дека е во 30-та недела о бременоста.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска