Трудница се расплакала кога ја виела тортата за нејзиното бебе: Погледнете што нарачала, а добила нешто друго

Бремена мајка која нарачала торта од 45 американски долари (2.600 денари) за прославата на нејзиното бебе, па се расплакала кога пристигнала и видела дека не изгледа исто како на фотографијата.

Жената која е бремена со своето трето дете нарачала десерт направен од кекси во форма на бебешко боди.
Но, наместо тоа, таа добила евтина верзија од тортата и токму затоа одлучила а сподели на Фејсбук.
„Плачам, прославата за моето бебе е утре“, напиша таа.

И покрај фрустрирачката ситуација, други мајки ѝ дадоа совети како да ја спаси тортата пред настанот. Други пак сметаат дека претерува.
„Дефинитивно може да се спаси!! Можеби треба додадете сини бисери за јадење на точките и бели преку делот на ногата?’ предложи една жена.

„Леле имале едноставна задача и тие целосно ја упропастил“ стои во еден од коментарите.
Друг ја охрабри мајката да „ужива во настанот“, а проблемот со тортата „не е толку сериозен“.
Некој друг додаде дека ќе се ужива во вкусот на тортата без разлика како изгледа.
