Маријана се огласи од Австралија: Синот ѝ побарал 150, а ќерка ѝ 250 евра – еве што направила
Некогашната македонска пејачка откри како постапила откако децата ѝ побарале пари и ги засмеа сите.
Маријана повторно успеа да ги насмее своите слебденици со својата објава на Фејсбук.
Маријана Новачевска некогаш беше дел од најпопуларното македонско дуо, составено од неа и нејзината сестра Росана.
Близначките својот прв настап во дует го имаа на 17-годишна возраст. Кариерата ја започнаа со поп мелодии. Во текот на својата кариера постигнаа неверојатен успех.
Настапи концерти имаа ширум Македонија и сите сакаа да ги слушаат сестрите како пеат во живот.
Иако беа на врвот, Маријана сепак одлучи да си замине од Македонија и заедно со децата се пресели во Австралија.
Маријана, која дотогаш беше во брак со композиторот Тоде Новачевски, се раздели од него и заедно со нивните две деца, Билјана и Филип замина во Австралија, каде целосно ја промени професијата.
Таму таа работи како стоматолог, а за своја душа знае да запее пред своите најблики.
Најголема среќа ѝ се нејзините деца и внуците.
Маријана вели дека сега, откако се повлекла од естрадниот свет, не сака да дава интервјуа и изјави, освен ако се поврзани со нејзината сестра, Росана.
Активна е на Фејсбук каде често споделува фотографии и од најсаканите, а најчесто објавува хумористични статуси со кои сите ги смее.
Маријана повторно успеа да ги насмее своите слебденици со својата објава на Фејсбук.
„Имам 400 евра.
Ќерката ми праќа порака дека ѝ требаат 200 евра, а синот ми праќа дека му требаат 150 евра.
Колку евра остануваат за мене?
Мене пак ми останаа 400 евра и две непрочитани пораки“, напиша Маријана.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска