Тој е нејзината НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ: Кристина насмеана од уво до уво покрај него – еве што славеа
Популарната македонска манекенка и пејачка имаше убава причина за славење, па организираше голема забава.
Кристина се погрижи нејзиниот син да има незаборавна прослава за роденден и се погрижи и за најситниот детаљ.
Кристина Димитриевска својата кариера ја започна како манекенка и постигна големи упеси. Скоро на сите натпревари на кои отиде, Кристина беше меѓу првите.
Дека е преубава и презгодна не е спорно, но сега покажа дека знае и да пее.
Кристина е нова на музичката сцена, но може да се пофали со закажани настапи месеци однапред.
Во 2016 година таа стапи во брак со популарниот пејач Даниел Кајмаковки, но после неколку години брак, одлучија да се разделат.
Плод на нивната тогашна љубов е синот Давид, кој продолжи да живее со својата мајка.
Кристина ретко зборува за односот со Даниел, а според фотографиите и видеата кои ги споделува Кристина на Интаграм може да се забележи дека на сите важни настани поврзани со детето присутна е само таа.
Малиот Давид славеше роденден, па гордата мајка му организираше роденденска забава на која ги поканија најблиските.
Кристина се погрижи нејзиниот син да има незаборавна прослава за роденден и се погрижи и за најситниот детаљ.
Никој не можеше да остане рамнодушен и на згодната мама, која за оваа прилика се облче во минималистички црн фустан како вистинска дама, а нејзиниот џентлмен бeше малиот Давид, кој беше облечен во елегантна облека.
Традиционално, момчето и оваа година свеќата ја дува со својот вујко.
Погледнете повеќе фотографии:
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска