Родена без раце, но Бог и подари крилја и сега само небото и е граница – НЕВЕРОЈАТНАТА животна приказна на „Девојката со крилјата“
Младата девојка со која целиот регион се гордее наскоро ќе се оствари во улога на мајка, а нејзината животна приказна никого не остава рамнодушен.
Таа е сликарка и шампионка во паратеквондо, а затоа што е родена без раце симболично го носи името девојката со крилја.
Нејзиното вистинско име е Дејана Бачко и таа денес е симбол за борба и на многумина им е пример како со силна волја, труд и позитивна енергија во животот можат да ви се остварат сите соништа и да се постигнат големи успеси.
Имено, оваа млада девојка одамна сонува големи сонови, а еден од најголемите ќе и се оствари за многу брзо време.
Покрај големите спортски успеси, таа се оствари и на емотивен план, а сега со својот партнер Марко Незиќ ќе станат и родители.
Кога тие двајцата ја соопштија убавата вест нејзините бројни обожаватели беа воодушевени, и сега сите нестрпливо очекуваат приновата во нивното семејство.
„Со нозете научив да правам сé, така што за мене само небото е граница. Не сум за џабе ‘девојка со крилја’. Името ‘девојка со крилја’ го користам затоа што можам да полетам каде и да посакам. Затоа наместо раце имам крилја, јас така се гледам себеси“, изјави таа своевремено за „РТС“.
„Девојката со крилја“ треба да се породи овој месец и носи женско дете, а од нејзините објави на Инстаграм можеме да видиме дека таа ужива во бременоста и одвај чека да се ствари во улога на мајка.
„Мајка и татко, наскоро“, напиша таа под една заедничка фотографија што ја објави неодамна на социјалните мрежи.
Таа е родена без горни екстремитети. Како малечка најпрво ќе живее во домот „Колевка“ во Суботица, а подоцна со родителите во Бачка Паланка се до 2015 година кога ќе се пресели во Нови Сад заради студии.
Покрај тоа што се занимава со сликарство и досега има направено голем број самостојни изложби, Дејана има остварено и голем број спортски успеси, а во нејзината спортска биографија е и Европското првенство на кое го освои второто место во параолимписката категорија. Како голем успех и се додава и националното признание, односно националната пензија што ја доби, а во 2017 беше и вицешампионка на првенството во Лондон.
Покрај сликањето и таеквондото, таа сака и да патува, плива, игра фудбал, а нејзино мото е „Верувај во себе и ќе леташ високо“.
На 14 години се запишала во уметничкото средно училиште во Нови Сад, а потоа студирала и на Академијата за уметност.
„Така сакал Бог. Можеби не ми дал раце, но ми дал многу други таленти. Никогаш не ме спречувало тоа што сум родена без раце. Со помош на мајка ми Сандра, која ми е најголемата поддршка, можам да направам што било“.
„Единствено не можам да си ги закопчам фармерките“, сподели Дејана во едно интервју.
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја
Фото: Инстаграм/ Девојката без крилја