Тажна вест: позната ријалити ѕвезда изврши самоубиство – БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛО го пронајде неговата сопруга
Познатата ријалити ѕвезда и текстописец Кајл Џејкобс (49) сопруг на пејачката Кели Пиклер, пронајден мртов.
Според полицискиот извештај, кои добиле повик во два часот наутро, по доаѓањето го затекнале неговото безживотно тело.
Починал од прострелна рана од огнено оружје која најверојатно ја нанел самиот на себеси.
Неговото тело било пронајдено во неговата работна соба, на вториот кат од куќата во која што живеел.
Како што објави „Пипл“, а според извештајот на полициската истрага, неговата сопруга Кели се разбудила нешто порано.
Таа забележала дека сопругот не е покрај неа во креветот, и тргнала да го бара. По некое време таа и нејзиниот личен асистент откриле дека вратата од неговата работна соба била заклучена, па асистентот се јавил во полицијата. Безживотното тело било пронајдено со прострелна рана.
Џејкобс и Пикер се забавуваат од 2009 година, а се венчаа 2011. Таа го заврши учеството во „Американски идол“ 2010 година, кога го освои 6-тото место, а заедно беа ѕвезди во ријалити програмот „Ја сакам Кели Пиклер“ кој во Америка почна да се емитува во 2015 година.
Џејкобис е најпознат по композициите и продукциите на песните за големи американски поп и фолк ѕвезди.
Познат е и по песните направени за неговата сопруга.
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер
Фото: Инстаграм/ Кели Пиклер