Љубовта силна како ПРВИОТ ДЕН: Викторија и Дејвид Бекам слават Валентајн – овие фотограии ги воодушевија сите
Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија си напишаа честитки еден за друг по повод Денот на вљубените, а споделија и фотографии од почетокот на нивната љубовна романса.
Фудбалерот се огласи на Инстаграм и сподели фотографија со ѕвездата од Spice Girls за да го одбележи празникот на љубовта.
Дејвид ја напиша својата објава: „Среќен Валентин на мојата љубов. Те сакаме“.
Во меѓувреме, дизајнерката Викторија објави неколку фтографии на кои таа и Дејвид слатко позираат заедно во 1999 година, една година по нивната венчавка.
Во опис напиша: „26 години и сè уште мој Валентин, те сакам многу“.Претходно Викторија на Фејсбук сподели свој туторијал за шминкање преку кој покажа како да добијат „совршена уста од 90-те“.
Таа нагласи: „Деведесеттите се враќаат наголемо. Ќе ви покажам како ја правам таа прекрасна усна од деведесеттите.
„Периодов ме тера да си ја потстрижам косата во боб и да си го зачинам животот. Деведесеттите се вратија!’
Викторија им порача на своите следбеници дека едноставноста е клучна кога станува збор за креирање на изгледот и ги советуваше обожавателите да се погрижат да користат темен молив за усни.
Таа рече: „Секогаш сакам да почнам со чиста усна, само малку коректор и да се погрижам да бидат и доста суви. Сакам да го намачкам на усните.
Тогаш го земам мојот број четири молив за усни, ова е потемно од она што вообичаено би го користела, но и за тој изглед на деведесеттите, тоа е совршен молив за усни“.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин