Познатата „Гранд ѕвезда“ ослабна 80 килограми, па сега пресреќна и презадоволна вели: „Новата линија ми донесе нов живот“
Крстиња Матановиќ се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде ги изненади сите со својата трансформација.
Младата пејачка водеше долга и тешка борба со килограмите од која излезе како победничка откако ослабна 80 килограми.
Шармантната пејачка денес гордо го покажува своето тело и под секоја фотографија што ќе ја објави на Инстаграм добива бројни комплименти од своите обожаватели.
Но нејзиниот пат воопшто не беше лесен, посебно додека се соочуваше со непријатните коментари од јавноста.
Сепак, решена да изгради голема музичка кариера, но и да се соочи со самата себеси, таа успеа потполно да се промени.
Нејзината приказна им претставува пример на многу жени што го имаат истиот проблем, посебно што Крстиња јавно зборува за тоа.
Не крие дека сега има многу повеќе самодоверба, но и дека ужива во тоа што може да ја носи гардеробата што ја сака.
Во интервју за „Гранд“ таа вели дека конечно се чувствува одлично во своја кожа, но и дека и понатаму продолжува да работи на својот изглед. Новата линија и донесе нов живот, посебно што сега секојдневните активности ги завршува многу полесно, а среќна е и што естетските операции за отстранување на вишокот кожа поминале без компликации.
По оваа интервенција на Кристиња и останала лузна на телото, но како што самата открива, тоа воопшто не и пречи.
Како таа изгледаше некогаш, а како сега, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Матановиќ