Погледнете како изгледа мајката на една од НАЈГОЛЕМИТЕ ЅВЕЗДИ во Македонија – славеше роденден, се огласи и пејачката
Беше весело во домот на Сузана Гавазова…
Пејачката ретко ја експонира својата мајка на социјалните мрежи, но овој пат имаше специјална причина за тоа.
Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Сузана Гавазова, овие денови имаше посебна причина за славење.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави снимки со својата мајка, Руса, а причината за тоа беше посебна.
Нејзината мајка напони 70 години, а Гавазова со објавата и го честиташе роденденот на социјалните мрежи.
„Среќен роденден мајко моја. Да си ни жива и здрава“, истакна пејачката врз објавата што ја сподели.
Нејзината мајка за оваа пригода беше облечена во црна туника со шарени точки и изгледаше прекрасно.
Посебно заради фризурата заради која што изгледа младолико, а многумина забележаа и дека личат со пејачката.
Таа со насмевка на лицето ги дувна свеќичките на тортата, додека нејзината ќерка ја снимаше со мобилниот телефон.
Потсетуваме, познатата пејачка пред неколку години се врати од Шведска и сега живее со семејството во Струмица.
Таа е во складен брак со Босанецот Јасмин Курузовиќ, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Емили и Селена.
Баба Руса е горда на своите две внуки и е најсреќна кога е со нив, како и со својата ќерка и зетот.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова