Трагичната судбина на актерката од Сулејман Величествениот и ШОКАНТНИТЕ детали од нејзиниот скандалозен живот
Познатата актерка од „Сулејман Величествениот“ водеше скандалозен живот полн со неверојатни детали.
Турската актерка Небахат Чехре се прослави со улогата на Ајша Хафса Валиде во популарната серија „Сулејман Величествениот“.
Таа оваа улога ја одигра маестрално, а потоа стана и една од омилените и најбараните актерки во Турција.
Во популарната турска серија ја глумеше мајката на Султан Сулејман, Ајше Хафса Султан.
Небахат Чехре во оваа популарна серија ја глумеше мајката султанка, но ни тогаш, па ни сега со својот изглед, линија, моден стил и пред сé со веселиот дух не остава впечаток дека е во осмата деценија од животот.
Имено, таа денес има 78 години, но заради нејзиниот изглед никој не може да поверува дека има толку години.
Малкумина знаат и дека нејзиниот живот крие неверојатни детали и скандали кои и денес ги шокираат сите.
Имено, по маестралната улога на мајката на султанот Небахат стана една од најбараните актерки во Турција.
Јавноста почна да се интересира и за нејзиниот приватен живот, а за нејзиниот прекрасен изглед на крајот од осмата деценија не престанува да се зборува.
Многумина беа воодушевени од нејзината улога на султанката, која маестрално ја одигра, а и во приватниот живот важи за челична дама.
Небахат на 15 годишна возраст ја освојува титулата Мис на Турција, а во 1960 ја преставува својата земја во Лондон.
Нејзината убавина нема да помине незабележано, посебно кај режисерите по што добива улоги во филмови и серии.
Нејзината кариера забрзано се движи по угорна линија, а покрај парите и задоволството глумата ќе и ја донесе и најголемата љубов во нејзиниот живот.
Имено, таа играјќи ја главната улога во филмот „Kamali Zeybek“ ќе се вљуби во 14 години постариот актер и партнер, Јилмаз Ѓунеј.
Но оваа голема љубовна идила помеѓу познатите актери набргу ќе заврши, откако актерката ќе дознае дека Јилмаз паралелно живеел со друга жена, Кан Унал.
Таа во исиот момент ќе го остави, ќе ги спакува куферите и ќе отпатува во Мајами, на избор за Мис.
Во меѓувреме Јилмаз ќе добие дете со друга жена, но Небахат по враќањето во Турција сепак ќе ја обнови романсата со него.
Тие ќе успеат да ја одржат својата љубов, па така „грдиот крал“ и „кралицата на убавината“, како што ги нарекуваа, ќе се венчаат во 1967 година. Но набргу ќе почнат да кружат приказни дека нивниот брак е полн со насилство и истиот ќе заврши само по 15 месеци заеднички живот.
Голем скандал ќе се случи кога Небахат една вечер бесно ќе излезе од клубот во кој што биле излезени и ќе почне да трча кон хотелот во кој што престојувале. Јилмаз тогаш седнал во автомобилот, и дал гас, и пред сведоци ја прегазил жената што ја сака. Актерката летнала во воздухот и паднала на улицата. Таа потоа четири дена ќе биде во болница и ќе заврши со скршеници, а по овој инцидент нивниот брак набргу ќе заврши. Но како што велат нивните пријатели од тоа време, и покрај сé, тие никогаш не престанале да се сакаат.
Нивната фатална љубов завршила со смртта на Јилмаз во Париз, по борбата со тешката болест.
Небахат не била на погребот, ниту пак некогаш го посетила неговиот гроб, пишуваат турските медиуми.
Таа потоа ја пронајде среќата со кошаркарот Јавуз Демир. Тие се венчаа во 1976 година, но по три години ќе се разведат.
Непосредно пред да се разделат, Небахат ќе реши да го абортира нивното заедничко дете кога сфатила дека бракот им се распаѓа.
Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре
Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре
Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре
Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре
Извор Стил.Курир,рс, Гламур