Реклама
Наши ѕвезди

Пејачка од Македонија го скара жирито во „Ѕвездите на Гранд“ – фатална црвенокоса дама која никого не остави рамнодушен!

Реклама

Во вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“ во дуел се натпреваруваа Петар Петровиќ (20) и Бранка Соколовска (36).

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката од Македонија настапи со македонската народна песна „Ако згрешам нека изгорам и 1003 од Тамара Тодевска.

Дуелот заврши со еднаков број на гласови така што и двајцата кандидати освоија максимум гласови.

Маркетинг

„Јас како судија можам да ги менувам правилата, сметам дека ова не може да биде шест:шест. Сакам прво да ги слушнам коментарите, па затоа започнувам од Снежана“, се изјасни Саша Поповиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„И двајцата кандидати се одлични со што предност му давам на првиот кандидат“, изјави Ѓуришиќ.

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Но кандидатот еден втората песна не ја отпеа како што треба“, изјави Поповиќ, со што неговата колешка не се согласи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Слично мислење имаше и Босанац кој и за двајцата кандидати имаше замерки, па Поповиќ ги праша за мислење и останатите.

„Не се за шест, но и двајцата се добри. Имаа доста грешки, нема емоции“ го изнесе Александар Милиќ Мили своето мислење додека Вики се побуни и жестоко застана во одбрана на својата натпреварувачка од Македонија.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Јас подобро го спремив кандидатот од тебе, таа беше за шест“, одговори жестоко Вики Миљковиќ.

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Потоа се огласи и Марија Шерифпвиќ, која изјав:

„Да не седам тука, јас можеби на нив не би им дала глас. А еве и зошто, кандидатот број еден иако е мој, сега ти зборувам како менторка. Она што ти го кажав на пробата е апсолутен твој фокус дали трилерот ќе излезе или не, тоа не е пеење и тоа не е музика. Излегоа и тоа се е океј, но каде е сето она останато, каде е волуменот, таму кај што треба да згазиш ти се повлекуваш. Натпреварувачката број два нема да ја коментирам бидејќи тоа никогаш не го правам. Тоа се моите замерки за којот кандидат“, изјави искрено Шерифовиќ.

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

По неа своето мислење го изнесе и Вики:

„Е сега дали беа за шест… Мислам дека мојата кандидатка беше многу добра. Кандидатот број еден нема да го коментирам бидејќи тоа не го правам, сладок си и убав, тоа е тоа“, изјави Миљковиќ во одбрана на својата кандидатка.

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

По ова следуваше прегласување, по што Бранка Соколовска доби четири гласови и се пласираше за третиот круг, додека кандидатот број еден два. Со тоа младиот Петар Петровиќ се најде во баражот каде ќе настапи со песната за која што доби најмногу критика од членовите на жирито.

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button