Пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ има тежок облик на корона, фановите загрижени – одвај дише, НЕ МОЖЕ да стане од креветот!
На пејачката која што се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ оваа година не и тргна баш најдобро во животот.
Пејачката Александра Бурсаќ со своите последни објави ги загрижи сите на социјалните мрежи.
Таа сподели дека и покрај тоа што три пати прележала корона, повторно е болна и заради болеста цело време е во кревет.
Пејачката повторно се заразила со истиот вирус и како што самата вели, овој пат го имала најтешкиот облик.
„Луѓе ви благодарам за пораките и што се грижите, навистина сте прекрасни! Имав три пати корона и ова четврти и најтежок облик според мене, но и според докторите“, изјави пејачката и испрати силна порака.
„Чувајте се ве молам, одвратно е и не пушта лесно“, порача пејачката на која што и препишаа терапија. Таа откри и дека не може да го помине денот без да се инхалира бидејќи тоа најмногу и помага.
Таа објави и фотографија на која се гледа дека прима кислород, а пораката ја напиша преку фотографијата.
Инаку, Александра прв пат во „Ѕвездите на Гранд“ ќе се појави во 2005 година кога ќе има само 15 години.
Но таа тогаш нема да влезе во потесниот круг, па во 2008 година ќе се пријави повторно и тогаш ќе ја добие и својата прва песна.
Александра со својот раскошен глас брзо ќе ја освои публиката, па денес важи за една од најпознатите пејачки од помладата генерација.
Нејзините песни бројат милионски прегледи на музичките платформи, а позната е и на социјалните мрежи.
Некои од нејзините фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм