Снаата на Цеца блеска во петтиот месец од бременоста – нејзиниот тесен ТРУДНИЧКИ ФУСТАН никого не остави рамнодушен!
Новиот наследник на Вељко и Богдана ќе се вика Крстан…
Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана, влезе во петтиот месец од бременоста. Тие нестрпливо очекуваат повторно да се остварат во улога на родители, а на Богдана веќе и се познава трудничкиот стомак.
Тоа можевме да го видиме и од новите објави на Вељко кој покажа како изгледа неговата сопруга и ги израдува сите.
Имено, Вељко својата сакана ја фотографираше на нивната слава, облечена во тесен бел фустан.
Богдана изгледаше прекрасно во ова бело издание со трудничкиот стомак во преден план.
Облечена во тесен фустан и со широка насмевка на лицето, таа блескаше во сиот свој сјај и собра голем број комплименти на сметка на својот изглед. Многумина коментираа и дека Вељко ја гледа како вода во дланката и дека не можат да дочекаат повторно да се остварат во улога на родители.
Нестрплив е и нивниот син Жељко кој оваа година ќе си добие братче, а Вељко објави фоотграфија и со него.
Имено, Ражнатовиќ на Инстаграм објави фотографија од родното место на неговата сакана, на која таа и Жељко спијат.
„Спијат бебињата“, напиша Вељко и ги разнежни сите.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм