Реклама
Наши ѕвезди

Македонец во „Ѕвездите на Гранд“ се појави со пиштол? Цеца прва „ИСПАНИЧИ“, Поповиќ го замоли да го напушти студиото

Реклама

Ерол Јакуповски од Македонија по занимање е полицаец, а бидејќи ја сака музиката се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој има триесет и две години и реши да си ја проба среќата во најгледаното музичко шоу во регионот.

Во бекстејџот како поддршка беа дојдени неговите четири најдобри пријатели и колеги полицајци, а првата песна што ја запеа беше од Бане Мојичевиќ, „Још је не заборављам“.

Ерол ги освои сите со својот изглед на сцената, но не и со начинот на кој ги изведуваше песните.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Уште за време на првата песна жирито се спремаше да го притисне копчето за паника што и се случи по неколку минути.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Прва копчето за паника го притисна Светлана Цеца Ражнатовиќ, кога настана непријатниот звук од кој се плашат сите натпреварувачи. Ерол беше видно разочаран, а Саша Поповиќ му порача:

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Подобро пријателе да не ја пратеше снимката, верувај ми“, изјави Саша Поповиќ сметајќи дека „паник“ доби заради лошиот избор на песни.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Испрати одлична снимка, убаво изгледаш. Очеквавме дека и тука ќе се покажеш во одлично издание“, коментираше Поповиќ.

„Тоа треба да ви е за памет, да не ги шминкате видеата, изјави Снежана Ѓуришиќ, а Ѓорѓе Давид само додаде:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Воопшто не чинеше“, изјави кратко тој.

Потоа бидејќи натпреварувачот по занимање е полицаец, Поповиќ го праша во шега пред камерите.

„Дали носиш пиштол?“

И откако натпреварувачот потврдно одговори со главата, Поповиќ во шега му го кажа следново:

„Е штом носиш пиштол, би те замолил да ја напуштиш сцената“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, и оваа година во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ има многу натпреварувачи од Македонија, а досега најголем впечаток остави дваесетгодишната Славица Ангелова од Струмица. Таа со својот настап никого не остави рамнодушен, а Ѓорѓе Давид ја спореди со младата пејачка Џејла Рамовиќ.

Тој по нејзиниот настап и порача дека уште од Џејла Рамовиќ не се појавил некој што олку го изненадил и воодушевил, со што ја израдува Славица, но и нејзината мајка која беше во бекстејџот и не можеше да ги сокрие емоциите.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како изгледше и таа на грандиозната сцена, потсетете се во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button