Пејачот од Гранд ѕвезди наскоро ќе застане на лудиот камен – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ каква убавица е жената што му го украде срцето!
Младиот пејач Страхиња Живановиќ кого пошироката публика го запозна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите.
Пејачот кој учествуваше во две сезони од споменатото шоу и кој беше миленик како на членовите на жирито, така и на публиката, неодамна ја сними својата прва песна.
Тој за време на натпреварот посебно и го освои срцето на неговата менторка Ана Бекута, која даде се од себе тој да дотурка што подалеку во шоуто. По завршувањето на натпреварот, тој напорно работеше во студиото и деновиве ја претстави својата прва песна пред публиката.
Но покрај својата прва песна, тој има уште една причина за славење.
Имено, симпатичното момче откри дека е во врска и дека наскоро планира да застане на лудиот камен.
„Свршен сум. Наскоро планирам и свадба. Се уште не го одредивме конкретниот термин, но најверојатно ќе се венчаме во септември“, изјави младиот пејач за Гранд.онлајн, а потоа откри и кој ќе му пее на свадбата.
Како што пренесува споменатиот медиум, Страхиња би сакал сите негови колеги од Ѕвездите на Гранд да му дојдат на свадбата и да се фатат за микрофонот, додека за бендот што ќе свири се уште нема одлучено.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм