Позната актерка од соседството бремена со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг – шок за нивните заеднички познаници!
Оваа вест ги изненади најмногу нивните пријатели…
Како што пренесуваат медиумите, новиот партнер и татко на детето на познатата српска актерка е најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Како што објави српскиот „Телеграф, познатата актерка Анѓелка Прпиќ е во блажена состојба по втор пат.
Од извори блиски до неа медиумите дознаваат дека нејзиниот нов партнер е најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Во прашање е М.Ж. со кого Дарио Прпиќ се познава уште од средно училиште, што ги изненади нивните заеднички пријатели, пишува „Телеграф.рс“.
Наводно М.Ж. заради актерката ја оставил својата партнерка со која што бил 11 години во врска.
Тие раскинале во март оваа година, а се претпоставува и дека од тогаш е заедно со познатата актерка.
Тие се дружеле и порано, за што сведочат нивните заеднички фотографии, а овој маж беше и на нејзината свадба.
И бидејќи во минатото се има „изгорено“, не чуди што една од омилените комичарки во регионот овој пат решила интимата да ја задржи само за себе.
Но и покрај тоа, веста дека по втор пат ќе се оствари во улога на мајка, сигурно ќе допринесе таа наскоро да го престави и својот партнер во јавноста, иако, познатата актерка деновиве не е расположена да дава изјави за медиумите.
Потсетуваме, Анѓелка и Дарио Прпиќ се венчаа во 2011 година, а во 2012 година таа го роди нивниот син.
Пред две години тие се разделија, а причината што актерката реши да стави точка на нивниот брак, како што тогаш објавија медиумите, наводно е неверството на нејзиниот сопруг, и тоа со познатата стap*ета Ава Карабатиќ.
Фото: Инстаграм/ Анѓелка Прпиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓелка Прпиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓелка Прпиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓелка Прпиќ
Фото: Инстаграм/ Анѓелка Прпиќ