Реклама
Вирално

На плус-сајз манекенка не ѝ дозволиле да се качи во авион бидејќи била преголема за седиштето?!

Реклама

Судот ѝ нареди на авиокомпанија да плати за терапијата на бразилска манекенка која тврди дека била спречена да се качи на лет „бидејќи била преголема за своето место“.

38-годишната инфлуенсерка, Јулиана Неме, претходно годинава, на социјалните мрежи тврдеше дека била спречена да се качи на летот на Катар ервејс бидејќи била преголема и ја обвини авиокомпанијата од Блискиот Исток дека ја дискриминирала поради нејзината големина.

Во објава која ја видоа нејзините 167.000 следбеници на Инстаграм, Јулијана тогаш рече: „Ми го ускратуваат правото на патување… Очајна сум, помогнете ми, не сакаат да се качам бидејќи сум дебела“.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

Сега судот во Сао Паоло му нареди на „Катар ервејс“ да ѝ плати психотерапија за Јулијана да може да се помири со вознемиреноста предизвикана од инцидентот.

Компанијата претходно одговори на тврдењата на Неме, обвинувајќи ја дека била груба и агресивна кон персоналот.

Судијката Рената Мартинс де Карваљо оваа недела донесе одлука дека авиокомпанијата мора да плати за психијатриско или психолошко лекување на инфлуенсерката.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

Третманот мора да се состои од „неделна терапија во вредност од 400 BRL (63 фунти) во период од најмалку една година, во вкупна вредност од 19.200 BRL (3.000 фунти), кои треба да се депонираат на банкарската сметка на тужителот“.

Неме зборуваше за неволјата што ја доживеала и за медиумите изјави: „За нив како да не бев човечко суштество. Бев дебело чудовиште кое не можеше да се качи“.

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

„Беше ужасно. Никогаш не замислував дека ќе поминам низ вакво нешто“.

На Неме не ѝ било дозволено да се качи на нејзиниот лет од Бејрут за Доха на 22 ноември.

Таа била на одмор во Либан со своето семејство и пристигнала во земјата преку Ер Франс без пречки, но не ѝ било дозволено да се врати дома.

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

Неме рече дека Катар ервејс не ѝ понудил да и ги врати 830-те фунти што ги платила за нејзиниот билет. Наместо тоа, таа вели дека од авиокомпанијата ѝ рекле да купи билет за прва класа, кој има поголеми седишта, а чини 2.480 фунти, за да може да се смести на место во авионот.

Инфлуенсерката на крајот останала во Либан со нејзината мајка, додека нејзината сестра и внук се вратиле дома.

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

ФОТО: Инстаграм / Јулиана Неме

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button