Реклама
Наши ѕвезди

Исплива последната фотографија од синот на Марина Туцаковиќ пред мистериозната смрт во Израел – еве како изгледал

Реклама

Милан Радуловиќ Лаќа пронајден мртов во Израел.

Фото: Инстаграм

Неговата прерана смрт ги потресе сите, а меѓу нив и јавните личности кои соработуваа како со неговата мајка, Марина Туцаковиќ, така и со него.

Пријателите со кои Лаќа беше во Израел пријавија дека тој е исчезнат три дена пред да биде пронајдено неговото тело.

Безживотното тело на познатиот српски текстописец Милан Лаќа Радуловиќ (36), синот на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Футе Радуловиќ, беше пронајдено во Израел.

Маркетинг

Неговата прерана смрт ги потресе сите, а меѓу нив и јавните личности кои соработуваа како со неговата мајка, Марина Туцаковиќ, така и со него.

Фото: Инстаграм

Како што пренесуваат медиумите, неговото безживотно тело во Србија ќе биде донесено во недела.

Пријателот со кого Милан бил во Израел го пријавил неговото исчезнување три дена пред да биде пронајдено неговото тело.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

По посетата на 12 декември на библиотеката на првиот израелски премиер и уште некои знаменитости му се губи секој траг, а бидејќи е странски државјанин во истрагата беше вклучен и Интерпол.

Потсетуваме, Милан во животот имаше две големи трагедии – смртта н неговата мајка Марина Туцаковиќ и на братот Милош кој почина во 2008 година.

На социјалните мрежи се појави и неговата последна фотографија од Израел што ја направила неговата пријателка.

Фото: Твитер

Фотографијата многумина растажи, а социјалните мрежи се преплавени со емотивни реченици и проштални пораки.

Безживотното тело на Милан беше пронајдено на улиците во Тел Авив неколку дена откако пред тоа беше пријавен како исчезнат, а како што пренесуваат медиумите причина заради која згасна неговиот живот се недозволиви супстанци кои по сопствено признание ги има користено порано.

Тој требаше да се врати во Белград на славата на Свети Никола, но не се јавувал и не одговарал на бројните пораки од пријателите.

На патот во Израел тргнал со пријателите на 2 декември. Го посетил гробот на Исус Христос и останатите библиски места кои што ги посетуваат христијаните во оваа земја, како и Назарет каде Исус, според преданието, го поминал детството.

Последната фотографија објавена е од страна на неговата пријателка на Твитер, која настанала на 9 декември непосредно пред да исчезне.

Оние што се дружеа со него, како и пријателите од Белград велат дека цело време бил весел и насмеан.

Во прилог на тоа зборуваат и неговите последни објави на Твитер каде на 12 декември (кога е и пријавено неговото исчезнување во Израел) кога го цитираше стихот на популарната песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Кожата помни“ која што ја напиша неговата мајка.

Фото: Инстаграм

„Без име, само без спомени“, цитираше Милан.

„Библиотеката на првиот премиер на Израел“, објави тој претходно од местото што го посетил во оваа земја.

Фото: Инстаграм

Македонскиот продуцент Дарко Димитров, неговиот пријател и соработник, за „Блиц“ изјави дека се слушнале пред неколку дена и дека се договориле да соработуваат на нови проекти откако ќе се врати од Израел

„Не можам да верувам, шокиран сум. Се допишувавме пред 15-20 дена. Пораките беа во врска со работата. Се договаравме за некои проекти и да направиме фестивал. Нашиот разговор беше фокусиран само на тоа, но ми делуваше океј. Ништо не наговестуваше нешто вакво. Сакаше да соработуваме и јас се согласив“, изјави Димитров за српскиот „Блиц“.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button