Македонката со неверојатен талент го украде шоуто во „Гранд“ – и водителката Сања Кужет воодушевена од нејзиниот настап!
Шармантната Данче Јосифовска повторно воодушеви…
Данче Јосифовска од Македонија ги воодушеви сите со својот настап во „Никогаш не е доцна“.
Таа овој пат настапи со песна од Лепа Брена, а со овој потег посебно ја изненади водителката Сања Кужет.
„Па што да се каже, вие сте доказ и вистински пример дека Македонија навистина има сјајни пејач. Ова беше опуштено и лежерно и се гледа дека го сакате она што го правите. Притоа тоа е толку тешка песна!“
„Воопшто не се збунивте во вториот рефрен, голем плус од мене“, призна воодушевено призна Мирза Селимовиќ.
И бидејќи настапи во вториот круг, каде публиката има можност да ужива и во ревијалниот дел каде натпреварувачите настапуваат со своите пријатели и членови на потесното семејство.
„Покрај мене е нејзиниот пријател Тони кој инаку е музичар во бендот ‘Дани бенд’ во кој тие пеат заедно“, откри Жика Јакшиќ, а потоа и ја запраша натпреварувачката какви се реакциите на колегите и пријателите по нејзиниот прв настап во популарното музичко шоу.
„Сите ми честитаат, дури и оние што не ме познаваат. Многу ми е драго заради тоа што ме препознаваат и поздравуваат на улица, јас се навикнувам на тоа“, со насмевка раскажува Данче.
Таа потоа заедно со својот колега Тони ја запеаја познатата песна на Ана Бекута и Кеба, „Треба време“ и освоија громогласен аплауз.
„Еве Маре, ја слушна Данче во три различни жанрови, три стила и кој и лежи најдобро“, праша Драгана Катиќ.
„Се уште не ми е јасно, мистерија! Сé е во ред“, ги насмеа Маре сите, а Данче не ја тргаше насмевката од сите комплименти што ги доби.
Инаку, Данче има 54 години и со пеење започна да се занимава пред десетина години настапувајќи со својот бенд.
Таа настапувала и во младоста, но на 18 години се омажи и му се посвети на семејниот живот.
На музиката како своја голема љубов ќе и се врати дури по дваесетина години, а во Никогаш не е доцна ја пријави нејзината заболекарка.
„Треба да и се заблагодариш на заболекарката што те пријави. Пееше одлично, прекрасно изгледаш. Ова навистина е за секоја пофалба“, и кажаа на Данче по нејзиниот прв настап.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна