Македонецот што пред четири години ја воодушеви Карлеуша повторно во ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД – и овој пат пееше песна од Тоше Проески!
Јасмин имаше одличен настап во „Ѕвездите на Гранд“…
На грандиозната сцена настапи со песни од Горан Каран и Тоше Проески и успеа да освои седум гласови.
Јасмин Алиевски од Скопје по неколку години реши повторно да си ја проба среќата во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Тој првиот пат успеа да дојде до четвртиот круг, а сега со својот настап повторно ги воодушеви сите.
На грандиозната сцена настапи со песни од Горан Каран и Тоше Проески и успеа да освои седум гласови.
Во бекстејџот беа неговата мајка и свршеница, па по настапот на Јасмин Саша Поповиќ се обрати до неговата мајка:
„Јао, мајка ти најмногу се нервираше за сите овие години. Ти не се натпреваруваше само пред четири години, туку и пред тоа. Ова сигурно е веќе трети или четврти пат да се натпреваруваш“, објасни Саша Поповиќ по настапот на Јасмин, по што се огласи неговата мајка.
„Тој и сега поминува! Знам и кого ќе го избере, јас тоа веќе го знам. Тој заради него и се пријави“, изјави таа со насмевка пред камерите.
И додека сите претпоставуваа кој би можел да биде менторот што Јасмин ќе го избере, тој како од пушка кажа – Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе беше воодушевен што пејачот реши да биде дел од неговиот тим, му посака добредојде и изјави дека Македонија ја сака најмногу на светот. А Јасмин по неговиот говор сакаше да објасни зошто ги избра токму него.
„Искрено, ја сакам и Марија многу, но затоа што ми фали самодоверба на сцената, а мислам дека Ѓорѓе тоа го има, затоа така и одлучив“, изјави тој, а Сале во шега му кажа дека тоа на српски се вели м*да.
Јасмин и во 2017 година ги воодушеви сите со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, а Јелена Карлеуша, која беше дел од жирито, тогаш му порача дека по Тоше Проески е најубавиот Македонец што го видела. Младиот пејач не криеше дека овој коментар на балканската дива го импонираше бидејќи како што самиот изјави, Јелена е некој што има добар вкус и знае како една ѕвезда треба да изгледа.
Инаку, Јасмин не беше единствениот кандидат од Македонија што во последната епизода се пласираше за следниот круг.
Покрај Јасмин, во следниот круг ќе ги гледаме Бојан Илиевски и Бранка Соколовска кои исто така поминаа.
За Бојан веќе зборува целиот регион, а заради него Цеца одвај се воздржа да не заплаче.
Повеќе за ова прочитајте тука...
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд