Жена ги изгуби и двете нозе и раката во страшна несреќа со трактор – БОЛНИЧАРИТЕ се чудат како успеала да побара помош!
Се случи страшна несреќа со трактор во едно мало, рурално гратче во Австралија.
Жена се бори за живот откако ги изгубила двете нозе и раката во страшна несреќа со трактор во Баландеан, Австралија.
Се претпоставува дека жената, на возраст од околу 60 години, користела трактор со режач кога се случила несреќата. Настанот се случил во малото гратче Баландеан во Австралија, во четвртокот некаде околу пладне, пишува „Дејли меил“.
Веднаш била пренесена од имотот во југозападниот дел на државата за да добие третман во болницата „Принцес Александрија“. Жената се добила со тешки телесни повреди.
„Жртвата добила огромна траума на нејзините екстремитети, но е свесна и може да разговара со болничарите, кои успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба“, изјави за 7News портпаролот на службата за брза помош во Квинсленд, Стивен Џонс.
„Никогаш не сум видел или слушнал за нешто вакво. Едноставно е чудо што таа имала сиала за да може навистина брзо да се јави на телефон и да повика помош“.
Жената и понатаму е во критична состојба, а безбедносните служби и понатаму го истражуват случајот.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин