Погледнете каде го поминаа викендот Татјана и нејзиниот сакан – шармантната водителка никогаш не изгледала посреќно
Познатата водителка Татјана Стојановска покажа каде ужива заедно со саканиот.
Татјана и Михаил се големи хедонисти и навистина уживаат максимално во животот. Обожаваат да патуваат и често со јавноста споделуваат фотографии од нивните патешествија.
Татјана Стојановска скоро три децении е препознатливо ТВ лице и една од најдобрите презентерки во земјава.
Својата кариера ја започна уште додека беше релативно млада.
Плени со својата харизма ожи отменост. Ретки се дамите како неа.
Најпрво заплови во манекенските води.
Малкумина знаат дека Татјана во 1992 година ја освои титулата Мис Македонија, а подоцна и Мис Планета во соседна Бугарија.
Долго време беше во брак со пејачот и водител Благоја Грујовски, со кој го имаат и синот Матеј.
Матеј е најголемиот мотив за Татјана да чекори само напред кон успеси.
Активна е и на социјалните мрежи, но ретко споделува фотографии од приватниот живот.
Она што мора да се забележи е дека времето како да запрело за неа.
Татјана изгледа подобро од било кога, а се чини и посреќна.
Среќна ја прави нејзиниот сакан Михаил со кој е долги години во врска.
„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана.
Татјана и Михаил се големи хедонисти и навистина уживаат максимално во животот. Обожаваат да патуваат и често со јавноста споделуваат фотографии од нивните патешествија.
Овој пат тие одлучија да го посетат македонскиот бисер – Охрид.
Вљубениот пар викендот го помина уживајќи во сонцето покрај шеталиштето во Охрид.
Погледнете повеќе фотографии:
ФОТО: Фејсбук / Михаил Китановски
ФОТО: Фејсбук / Михаил Китановски
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Стојановска