И жени и мажи ги трлаат очите заради новото издание на Гавазова – фолкерката во фустан со кој никого не остави рамнодушен!
Познатата пејачка блескаше пред камерите…
Насмеано и разиграно позираше пред камерите, а сите беа воодушевени од фустанот кој во преден план ги истакна нејзините атрибути…
Сузана Гавазова „загрме“ кога се појави пред камерите на снимањето на една музичка емисија облечена во тесен црн фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Откако заблеска во зелената тоалета (види тука), Гавазова овој пат избра црна долга креација и со своето фатално издание ги „запали“ и социјалните мрежи.
Популарната пејачка за оваа пригода носеше тесен фустан кој ја следи линијата на нејзиното беспрекорно тело и ракавици до лактите во иста боја и од истиот материјал.
Таа насмеано и разиграно позираше пред камерите, а нејзините фанови беа воодушевени од фустанот кој во преден план ги истакна нејзините атрибути.
Креацијата беше со голи раменици и отворен грб со што и овој дел беше во фокусот, а Гавазова ја носеше со нејзината долга црна коса врзана во елегантна висока пунџа.
Пејачката на целото издание му додаде дополнителна доза гламур со елегантните штикли и ракавици.
Беспрекорното тело на Гавазова во ова издание дојде до израз, па на сметка на нејзиниот изглед пристигнаа голем број комплименти, како од мажи така и од жени.
Познатата фолкерка едноставно не престанува да ги изненадува и воодушевува своите обожаватели, посебно кога ќесе појави во едно вакво феноменално издание.
Повеќе фотографии од оваа фатална модна приказна на Гавазова погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова