Беше фатална црнка, а денес веќе со години е русокоса – исплива фотографија со македонската пејачка во непрепознатливо издание
Нема да ја препознаете во ова издание…
Нашата позната пејачка Татјана Лазаревска веќе неколку години со семејството живее во Австралија.
Татјана таму продолжи да ја гради својата кариера, најчесто настапувајќи пред Македонците што веќе долги години живеат во Австралија, а во последно време покрај музиката, се почесто привлекува внимание и со својот изглед.
Таа редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, а убавата руса коса веќе со години е нејзин заштитен знак.
Но таа не била отсекогаш фатална русокоса.
Пејачката во својата кариера повеќе пати драстично ги менувала своите фризури, но денес ретко кој се сеќава на неа како црнка.
Но неодамна на интернет „исплива“ една стара фотографија на која можеме да видиме како изгледала со црна коса.
Таа на почетокот од својата кариера имаше долга црна коса и со неа изгледаше многу поразлично од сега.
Впрочем многумина и нема да ја препознаат во ова издание, посебно оние од помладата генерација.
Инаку Татјана кариерата ја започна пред речиси три децении, а првиот албум го издание во 1997 година.
Веќе следната година ја има и првата турнеја во Австралија, земјата која од пред неколку години е нејзиниот нов дом.
Таа во Австралија продолжи да ја гради својата кариера и редовно настапува на тамошните македонски забави, а што се однесува до нејзиниот изглед, според многумина таа сега изгледа подобро од кога било досега.
Како таа изгледала некогаш, како црнка, но и неколку нејзини изданија од поново време, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска