Трансродната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ останала без мајка на петгодишна возраст, тоа е нешто што нема да го заборави!
Нејзините татко и брат, за кои вели дека се алфа мажи, биле шокирани кога им кажала дека сака да го промени полот.
Како што самата Алина изјави по шоуто, нејзината цел е да се претстави пред публиката и да покаже дека таа е само една нормална жена како и сите останати, која само сака да љуби и да биде сакана.
Трансродната натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, Алина Јухарт (29), откако прв пат облекла фустан во јавноста, што се случило пред неколку години, кога била на осета во Сплит, вели дека никогаш повеќе не излегла од нив.
Таа обожава да носи фустани и за себе вели дека понекогаш потполно заборава дека порано била маж.
Како што самата Алина изјави по шоуто, нејзината цел е да се претстави пред публиката и да покаже дека таа е само една најнормална жена како и сите останати, која само сака да љуби и да биде сакана во животот.
Родена е како маж Алино Јухарт во Марибор, но уште од мала сфатила дека не е машко, туку е жена.
Со својата појава во „Ѕвездите на Гранд“ никого не остави рамнодушен, а жирито имаше само пофални зборови за неа.
Никогаш не носи панталони!
Таа вели дека понекогаш и се случува, додека се шета низ улица, луѓето да видат во неа жена, но кога ќе прозбори, ќе слушнат машки глас. Тогаш мора да им објаснува зошто е тоа така, но понекогаш пак и се случува потполно да заборави дека е родена како маж, бидејќи се чувствува женствено.
Таа зборуваше отворено и за тоа како нејзините најблиските реагирале кога им кажала дека сака да го промени полот.
„Мајка ми почина кога имав пет години. Останав со брат ми и татко ми. Тие и двајцата се алфа мажи, вистински мажи и беа шокирани кога им кажав. Секако, ме прифатија, бидејќи многу ме сакат“, изјави Алина по нејзиниот настап во популарното шоу што преку ноќ и донесе слава.
Таа откри и дека нема ниту една пластична операција на себе, бидејќи сака да е природна, така што не ја фарба ни косата.
„Немам ништо вештачко, ништо немам направено на себе, сакам да сум природна, да имам природна боја на коса. Не осудувам ништо, мислам дека секое лице со своето тело може да прави што сака!“, вели таа.
Инаку Алина која што пријателите ја викаат и Кралица, откри и кој е единствената работа по која се разликува од останатите жени.
„Жените обично кога ќе си дојдат дома прво што ќе го направат е да ги соблечат чевлите, а јас не. Јас ги облекувам, па ги мијам садовите, пеам, танцувам, едноставно го обожавам тоа“, вели таа .
Шерифовиќ не сакаше да и биде ментор
Марија Шерифовиќ одби да и биде ментор на Алина.
Словенката по настапот доби шест гласови, па можеше сама да го бира менторот.
Таа сакаше да биде во тимот на Марија, но пејачката не ја прифати.
„Гласав за тебе бидејќи си храбра девојка, која има право да сака на начин на кој што сака. Но јас не сум добар ментор за тебе. Нервозна сум, бучна, груба и не би можела да се снајдам со некој кој на тоа нежно би реагирал. Јас сум се што ти не си“, изјави популарната пејачка пред Алина.
Словенката потоа ја избра Цеца која исто така беше воодушевена од нејзината појава и среќна што ќе биде дел од нејзиниот тим.
„Бидејќи таа не знае да ги негува тие нежни чувства во менторството, јас знам и во менторството и во приватниот живот“, и порача Цеца на Алина.
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Како Алина изгледа во приватниот живот, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт