Студентка по медицина од Македонија го распамети жирито со својот НЕВЕРОЈАТЕН ТАЛЕНТ во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)
Никого не остави рамнодушен …
Облечена во модерен фустан во кој изгледаше како дива, Славица го воодушеви жирито со својот раскошен глас…
Младата пејачка од Струмица, Славица Ангелова (20), вчера блесна на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“ и со својот глас ги освои сите.
Славица се натпреваруваше и како дете во музичкото шоу за тинејџери „Некои нови клинци“, потоа и во бугарското шоу „The Voice“, а сега како студентка на медицинскиот факултет реши да продолжи онаму каде што застанала, и ова беше дефинитивно полн погодок за неа.
Облечена во преубав црн фустан во кој изгледаше како дива Славица со својот раскошен глас го воодушеви жирито.
Таа со својот прекрасен настап освои неверојатни осум гласови, со што имаше право да го избере својот менторот.
Славица призна дека се двоуми помеѓу Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, но на крај сепак го избра познатиот рокер.
Ѓорѓе не го криеше воодушевувањето што оваа талентирана дваесетгодишна пејачка стана дел од неговиот тим.
Тој веднаш и порача дека уште од Џејла Рамовиќ не се појавил некој што олку го изненадил и воодушевил, со што ја израдува Славица но и нејзината мајка која не можеше да го сокрие емоциите пред камерите.
Инаку, во следниот круг од шоуто оваа вечер се пласираа 12 кандидати, кои понатаму ќе имаат помош од менторите.
Покрај Славица интересен беше и настапот на трансродната пејачка Алина Јухарт, која со својата појава никого не остави рамнодушен.
Трансродната пејачка за своја менторка ја избра Цеца, а повеќе за ова прочитајте тука.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова