Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда се ожени во џамија, невестата промени 4 ВЕНЧАНИЦИ – пејачот сега ужива како султан на Малдивите!

Реклама

По венчавката заминаа на меден месец на една од најубавите и најегзотичните дестинации на целиот свет…

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Прилепчанецот Ален Хасановиќ подолго време е ексклузивец на „Гранд“ и зад себе веќе има неколку големи хитови…

Македноскиот пејач Ален Хасановиќ и неговата сакана Аида Цако се заколна на вечна љубов и сега уживаат во бракот

Шеријатската венчавка беше одржана во Скопје пред два месеци, а невестата на свечената церемонија во џамија промени дури четири комбинации. Белиот комбинезон и белиот фустан ги носеше пред свечениот чин, додека судбоносното „да“ пред Госпoд преубавата невеста го изговори во долг розов фустан во кој изгледаше како принцеза од бајките.

Маркетинг

И како што налага традицијата, тие ги испочитуваа сите обичаи во кругот на семејството, додека голема свадбена веселба се уште не ја направиле. Пејачот во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека свадбената церемонија ќе биде следната година во април или мај и дека ќе биде голема веселба.

Приватна архива

„Размислуваме за сите детали околу свадбата, но музика се уште немаме избрано, се надевам дека и тоа наскоро ќе го решиме. Во секој случај ќе биде некој добар пејач, најверојатно некој од Македонија“, вели младоженецот.

Маркетинг
Приватна архива

Тој на социјалните мрежи објави и неколку фотографии од медениот месец на Малдивите каде ужива со саканата.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тој не крие дека отсекогаш му било сон, кога ќе ја најде својата поубава половина, да ја посети оваа егзотична дестинација, и ете, неговиот сон конечно се оствари и сега може да ужива со саканата на најубавиот можен начин.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Инаку, Ален подолго време е ексклузивец на „Гранд“ и зад себе веќе има неколку големи хитови.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Еден од нив е и „Лејла“, песната во чиј спот симпатичниот прилепчанец се појави со уште неколку убавици кои со својот стомачен танц никого не оставија рамнодушен, а Ален покрај нив изгледаше како вистински султан.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Аида Цако

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Аида Цако

Фото: Инстаграм/ Аида Цако

Приватна архива

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button