По потекло е Егејка и важи за една од најуспешните фолк-пејачки во Македонија! Таа е совесна мајка, сопруга и жена од соништата!
Таа е горда на своето потекло, а покрај родното село Сушица, има и егејски корени, од кукушкиот регион.
Облечена во необична креација која потсетува на кринолините од викторијанскиот период, под која носеше црн корсет од тантела, пејачката едноставно никого не остави рамнодушен и привлече големо внимание…
Сузана Гавазова повторно ги израдува своите обожаватели со новите објави на социјалните мрежи.
Фотографиите и снимките што ги објави познатата фолк-пејачка зрачат со посебна енергија, а во фокусот и овој пат е нејзиното беспрекорно тело.
Облечена во необична креација која потсетува на кринолините од викторијанскиот период, под која носеше црн корсет од тантела, пејачката едноставно никого не остави рамнодушен и привлече големо внимание на Инстаграм.
Снимката зрачи со моментите во кои пејачката изгледа фасцинантно, па следуваа и голем број коментари од страна на фановите.
Нејзиното занесно танцување и овој пат предизвика бурни реакции, а сите се согласни дека изглед фантастично.
Таа целото издание го „зачини“ со црвен кармин, црни сандали со златно синџирче и долга коса врзана во опавче.
Како пејачката изгледаше во ова свое издание со кое ги фрли мажите во транс погледнете во продолжение:
Инаку, пејачката која по потекло е од струмичкото село Сушица веќе долги години е во складен брак со Јасмин.
И покрај својата голема популарност, таа меѓу пријателите важи за голем „другар“ и потполно нормална, природна личност, но и совесна мајка и сопруга на која секогаш на прво место и е семејството.
Со Јасмин имаат две прекрасни ќерки, Селена и Емили, и важат за еден од најскладните парови на нашата естрада.
Нејзиниот сопруг воедно е и нејзината најголема поддршка, а од нивните заеднички фотографии што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи од авион се познава дека магијата помеѓу нив се уште трае. Јасмин очигледно е омилениот дел од нејзиниот тим, а интересно е и тоа што се имаат запознаено на еден нејзин настап во Шведска.
Нејзиното последно издание кое не можеше да помина незабележано и ко многумина го споредуваат со Јелена Карлеуша, погледнете го во продолжение:
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Коста Јованов, Инстаграм