Момче родено на 11 ноември 2011, во 11.11 часот, вчера го прослави 11-от РОДЕНДЕН – од родителите доби 11 преубави подароци!
Момче родено на 11 ноември 2011 година, и тоа точно во 11.11 часот вчера го прослави својот 11 роденден.
Неговиот број е среќен број и лесно се памети. И никој никогаш нема да го заборава неговиот роденден.
За Даниел Саундерс кој се роди неколку дена предвремено бројот единаесет е најсреќниот и најубавиот број на светот. Тој вчера наполни 11 години, а за да го одбележи роденденот од најблиските доби 11 преубави подароци.
Даниел кој е од Хертфордшир во Англија ова му беше највозбудливиот роденден и момчето тоа не го крие.
„Мојот број е среќен број и лесно се памети. И никој никогаш не го заборава мојот роденден“, вели момчето, пишува „Дејли меил“.
Неговата мајка Шарлот Саундерс (41) открива дека омилениот број на нејзиниот син воедно е и нејзиниот среќен број уште од основно училиште, па од тука и роденденот на нејзиниот син има посебно значење и за неа.
Даниел требаше да се роди неколку дена подоцна, но откако Шарлот отишла во болница на преглед, докторите заклучиле дека бебето е во лоша положба и треба да се породи. Тие се обиделе да го преместат, па закажале царски рез на 11 ноември. И кога мајката пристигнала во болницата, во раните утрински часови, бебето било позиционирано точно под нејзините ребра така што на хирурзите им требаше подолго време за да го извадат бебето живо и здраво. И на крај, Даниел решил дека треба да „излезе“ точно во 11.11 часот.
Но токму затоа, како што вели Шарлот, роденденот на нејзиниот син е толку посебен.
Фото: Шарлот Саундерс
Фото: Шарлот Саундерс
Фото: Шарлот Саундерс
Фото: Шарлот Саундерс