Од ова издание на Карлеуша може да учи цела балканска естрада – гламурозните парчиња што ги носи вредат цело богатство!
Јелена Карлеуша во уште едно брутално издание за кое зборува целиот Балкан
Јелена Карлеуша од глава до пети беше облечена во парчиња од еден од најпознатите и најскапите брендови на светот…
Најпопуларната балканска поп-пејачка Јелена Карлеуша вчера им се обрати на претставниците на медиумите по повод претстојниот нејзин настап за новогодишната ноќ во еден од најлуксузните хотели во Белград.
Таа за оваа пригода беше едноставно совршено стилизирана, а во рацете носеше чанта која е хит меѓу светскиот џет-сет.
Преку шест илјади евра на неа
Имено, ЈК од глава до пети беше облечена во парчиња од еден од нејзините омилени модни брендови.
Таа пред новинарите се појави во беж капут од „Balenciaga“ кој чини 2790 евра, кој го носеше во комбинација со бели чизми припиени за нозете, со високи потпетици, додека во рацете ја носеше белата чанта „Hourglass“, од истиот бренд, и малку поголем модел од стандардниот.
Ваквиот дизајн е инспириран од популарните градници на Кристобал Баленсијага од педесеттите, кои беа препознатливи по малку поизразена крива кои ја нагласуваа силуетата во форма на песочен часовник.
Оваа чанта за која пејачката исто така потрошила неколку илјади евра прв пат беше претставена во есенската колекција на брендот во 2019 година.
Произведени се повеќе големини, бои и дезени, а покрај Карлеуша досега ја имаат носено и ѕвездите како Ким Крдашијан, Хејли Бибер, Мајли Сајрус…
Фото: Принтскрин/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин/ Јелена Карлеуша