Реклама
Вирално

Пријателите на Фејсбук гледале како татко (34) на четири деца се САМОУБИВА ВО ПРЕНОС ВО ЖИВО, не можеле да го спасат!

Реклама

Безживотното тело на Пол Дејвид Хилтон (34) беше пронајдено во неговата куќа во Болтон во април оваа година.

Фото: Фејсбук, Гугл

Иако болничарите пристигнаа во домот на Пол само шест минути по повикот, им биле потребни неколку минути да влезат затоа што вратата била заклучена…

Брата помош беше повикана од страна на негов пријател кој го гледаше преносот во живо додека Пол си го одземаше животот. Како што се дознава во истрагата, таткото на четири деца непосредно пред да се самоубие, започнал пренос во живо на Фејсбук и го оставил својот телефон да снима.

Според истрагата, многу негови пријатели можеле да гледаат во живо како се одвива трагичниот настан.

Маркетинг
Фото: Гугл

Еден од нив, кој се придружил на преносот во живо мислејќи дека следува нешто смешно, веднаш се јавил во Брзата помош кога сфатил што се случува.

Но, за жал, за тоа веќе било предоцна. Иако болничарите пристигнаа во домот на Пол само шест минути по повикот, им биле потребни неколку минути да влезат во куќата затоа што вратата била заклучена.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Кога влегле во домот, се обиделе со реанимација да го вратат, но безуспешно, така што на лице место беше прогласен за мртов, пишува во истрагата за случајот.

Како што пишуваат британските медиуми, Хилтон и претходно имал проблеми со менталното здравје, како и злоупотреба на алкохол и дрога.

Фото: Принтскрин

Тој имал историја на епизодни ментални болести, вклучувајќи анксиозност, лошо расположение и депресија. Исто така имал дијагноза на параноја која била поврзана со неговата употреба на кокаин и зависноста од алкохол. Како што дознава истрагата, имал и неколку предозирања со дрога, како и обид за самоповредување и самоубиствени идеи.

Неговата мајка Керол изјави дека неговото расположение било променливо цела година пред неговата трагична смрт.

Фото: Фејсбук

Полицајците ги сослушале и двајцата пријатели на Хилтон кои го гледале преносот во живо на 30 април оваа година.

Еден од нив изјави дека добил известување на мобилниот телефон дека Хилтон се вклучува во живо на Фејсбук, па претпоставил дека ќе биде нешто смешно бидејќи Пол бил забавен лик. Но кога сфатил што се случува, почнал да паничи и ја разбудил својата девојка на која и кажал веднаш да се јави на Брза помош. Толку бил вознемирен што не можел да се сети на точната адреса на својот пријател, туку морал цело време да ги насочува болничарите преку телефон.

Зборувајќи за својот син по истрагата, мајката Керол изјави дека Пол бил преполн со љубов кон своите четири деца, но и дека имал многу пријатели.

„Толку многу го сакавме што засекогаш ќе ни недостига“, изјави таа, пренесе британскиот “Дејли меил“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button