Ѕирнете како изгледа дворот во куќата на Андријана Јаневска – на ова МНОГУМИНА и завидуваат, вистински рај за душа и тело
Дворот на познатата македонска пејачка е место кое потсетува на парче од рајот…
Андријана Јаневска својата музичка кариера ја започна додека беше релативно млада.
Заедно со Тоше Проески и Каролина Гочева ја освојуваше Македонија, а нејзините хитови се паметат до ден денес.
Денес таа е прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, а предава и во своето музичко училиште.
Долго време нема снимено свој песна, но музиката секако е нејзино секојдневие.
Освен што може да се пофали со богата кариера, таа е и посветена мајка и сопруга.
Од 2009 година е во брак со познатиот македонски гитарист, Драган Гиновски Гино. Тие двајца се сопствении на музичкот студио Гиновски.
Плод на нивната љубов се нивните синови Димитар и Кристијан.
Семејството живее во куќа во Бардовци.
Андријана е доста активна на социјалните мрежи, па често на фотографиите може да се види и нејзиниот дом.
Она што секој го вели откако ќе го види нејзиниот дом е дека станува збор за место кое опушта, сѐ е на свое место и е вистинско уживање да се биде нејзин гостин.
И самата Андријана има кажано дека нејзиниот двој не би го менувала за ниедна градка локација.
„Уживам во мојата населба. Доволно е блиску до центар, а истовремено доволно далеку за да живееме во природа.
Местоположбата е извонредна. Вардар и Лепенец се блиску, а кон Шара и Водно имаме отворен поглед, па летно време температурата е за неколку степени пониска.
Во нашето маало има многу дечиња, па моите два сина живеат маалски живот, каков што живеев и јас. А сега, гледајќи ги, повторно се чувствувам како дете“, раскажа Андријана во едно свое интервју.
Мора да се признае дека дворот е мал рај во кој би сакал секој да ужива, а пејачката и нејзиното семејство се погрижиле да имаат доволно зеленило кое е спас од секојдневното сивило.
Деновиве таа покажа како всушност изглда нејзиниот двор кога ќе започне есента.
Мора да се признае дека есента е убава во овој двор.
Есенски листови насекаде,н о сепак многу зеленило го красат овој мај рај.
Погледнете и уверете се:
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска